Кого и да прашате, ќе ви каже дека банкарскиот бизнис е најисплатлив. Ако е најисплатлив, значи е најдобар. Многумина светски богаташи, од другите бизнис-дејности,  изразиле каење што, наместо со својот бизнис, не се зафатиле со банкарство. Банкарството е чиста работа: нема репроматеријал, нема преработки, нема скапување на стоката, пакување, транспорт, чекање на граници итн. Едноставно, банкарството е трговија со пари. И тоа не секогаш и речиси никогаш „фер трговија“. Се разбира дека нема тука фер-нефер, туку дека пазарот ја одредува цената на стоката и во овој сектор, но банките со совоите нови и најнови инструменти, продукти и услуги знаат како да грабнат повеќе пари, особено од тие на кои им се најмногу потребн или им гори под нозете.

Воопшто не е чудно што во најсиромашните земји банките остваруваат големи профити. Еве кај нас во Македонија: Банките за шест месеци заработиле 90 милиони евра. Според податоците на Народната банка само од камати и од провизии и надоместоци, банките за шест месеци наплатиле 232 милиони евра, од кои 76 милиони евра од домаќинствата. Домашните банки упеале да ја зголемат добивката  дури за 15 милиони евра во однос на првите шест месеци од ланската година.

Последниве 6 месеци беа, и не се знае до кога ќе бидат, најтешките месеци од Втората светска војна, досега.

Да, зголемувањето на каматитие на кредитите што ги даваат банките на претпријатијата и на граѓаните, како реакција на зголемувањето на основната каматна стапка на НБРМ (во моментов 3%) им даваат можност на банките да заработат повеќе пари, но тоа не е нејголемата причина за нивната голема заработка во една сиромашна земја. Причината е што фирмите и населението не преземаат ризик за инвестирање во други форми, како што се инвестиционите фондови, односно нивната слаба информираност за таа можност и на крај страв од ризик.

Иако, банките одмана пасивната камата ја имаат сведно на  речиси нула, и натаму продолжува штедењето во нив. Причината е, демек, сигурноста на парите. Штедачите не сфаќаат дека тое е ивестиција како и скеоја друга.  Инвестирањето (штедењето) во банките во последниве години  е најенеисплатливата инвестиција. Се разбира дека сигурноста е основниот мотив, но заработката е мала. Така банките се чувствуваат комотни да играат со пасивната каматна стапка, односно во вакви сиромашни земји во кои и нема многу можности да се оствари некаков бизнис-сон.

Некои македонски експерти деновиве поставија прашење - зошто банкарскот сектор не се реформира? При тоа не дадоа предлог како да се реформира и што да се реформира. Банкраскиот бизнис бил и ќе биде тоа што е - купопродажба, трговија со пари. Се разбира дека регулаторот, НБРМ, треба и натаму да си ја врши својата работа и максимално строго да ја контролира работата на банките. А законската регулатива да се приспособува за привлекување други светски банкарски брендови на нашиот просотор како зајакнување на конкуренцијата. Веројатно ќе се појави некоја банка што ќе понуди поголама камата на штедните влогови.