Од почеткот на пандемијата со Ковид 19, на теренот почна засилено да дејствува апокалиптичата комбинација од пороблеми што си ги направи човештвото, без да верува дека тие претерани активности на искористување на природата, шумите, рудите, морињата (некнотролираниот риболов) издувните гасови могу бргу ќе му се удрат од главата.

Никој не веруваше дека природата толку бргу ќе почне да му го враќа ударот на човештвото со големи временски катастрофи, со суши, со поплави, со екстремини лета и зими. Но, тоа не е и така бргу. Загадувањето на Земјата и на нејзината обвивка агресивно е почнато уште од времето на индустриската револуцијa, чиј зачеток е во втората половина на 18 век, која до средината на 19. век темелно ги измени претходните политички, економски и општествени  системи во поголемиот дел од светот. Трката за профит, за грабање на природните суровини, денеска се одразува директно и конкретно на пазарните цени. Се разбира дека пандемијата на Ковид 19 на светот му нанесе огромна штета, па потоа на тоа се надоврза кризата што дојде како последица на руската агресија врз Украина, но паралелно со овие две кризи се одвива и третата, која му го одзема плодното земјиште на човекот, а со тоа и можноста за производство на храна.

Барем во почетокот, човештвото ништо не преземаше со убдеување дека ветерот сето тоа ќе го однесе, но се покажа дека атмосферата не е со толкав капацитет, туку дека тие гасови останаа во змјиниот стаклен ѕвонец и сега никој не знае као да се ослободи од нив, каде и како да ги „исфрли“, колку ќе трае тоа и дали сегашните мерки на преориентација кон „зелена економија“ се вистинските  и колку време ќе треба за се видат првите ефекти од таа примена. Односно, никој не е сигурен дека тие ефекти наскоро ќе се почувствуваат, дека лошите сили од природата ќе се повлечат. Дотогаш, производството на храна ќе се намалува, цените ќе одат се погоре, гладот ќе се зголемува, населението ќе осиромашува, болестите ќе се множат, што од беспарица, што од секирација, и така природата ќе го заврти циклусот на гладни и сити периоди. Но сега ти периоди нема да бидат само 7 години, како во приказните, туку ќе бидат многу подолги.

Македонија одамна го има баталено своето земјоделско земјиште. Во последниве година-две, власта информира дека земјоделското производство во некои сектори е зголемено, но факт е дека не се успеа да се најде начин за негово окрупнување и за поголеми приозводствни зафати, за поевтинување на производството, туку се отиде на полесната варијанта - узозот. Не успеавме од осамостојувањето, до сега, да спроведеме конзистентна политика на изедначен регионален развој. Така, сите се напикаа во Скопје, нивите останаа неорани, суви и обраснати, земјата се испусти и се испразни.

Неодмана, Европската инвесициона банка (ЕИБ)  отвори своја канцеларина во Скопје со цела да биде поблиску до македонскиот терен на кој веќе дејствува со својата финасиска помош, која во последниве години има достигнато цифра од милијарда евра. Се очекува потпишување нов заем со Развојната банка на Македонија за поддршка на декарбонизацијата на компаниите и воведување зелени и енергетски ефикасни технологии. Ова треба да се искористи, но и масовно да се рекламира, со оглед на тоа што информатичката писменост на компаниите не е на европско ниво, па така многу од нив не ни знаат дека можеат да ги користат понудите што ни ги дава ЕИБ како дел од политката на претпристапна помош на Македонија кон ЕУ.

Во Македонија и во регионот земјоделското производство е загорзено (според еколошките активисти и според локаното население) и од рударските активности. Рударските инвеститори, пак, тврдат дека рударството со новите технологии е безбедно, но, паралено, активноститие во рударството не се интензивни токму поради тие спорови, што е загуба за тој дел од стопанството.

Во Србија деновииве имаме ист пример. Здружението на еколошки организации на Србија (СЕО)  бара од Министерството за рударство и енергетика суспензија на рударските проекти во Србија, како резултат на, како што велат, влијанието врз животната средина, инфраструктурата и економијата на земјата. Српските еколози бараат  повлекување на сите дозволи што и ги има дадено државата на компанијата „Рио Тинто“ и на други рударски компании, потоа повлекување на сите права и дозволи за истражување што ги има дадено Министерството.  Исто така, активистите бараат да се обелоденат сите договори и обврски преземени од страна на државата, да го отфрлат барањето на „Рио Тинто“ за одредување на полето за експлоатација, како и да се стави следната иницијатива на дневен ред на Собранието и да се измени Законот за рударството.

Но, да се вратиме на домашен терен.

И покрај намалените земјоделски и општостопански активности, инфалцијата дивее, бројките и проекциите се  менуваат  речиси секојдневно, стандардот паѓа и секој ден констатираме дека „вака веќе не оди“. Јачи сиромаштијата во целодневната тишина. Причините ги бараме на разни страни - од власта - до Господа. Народната банка на Македонија ја зголеми основната каматна стапка на 3% за да стерелизира што поголем квантум од паричната маса, иако пари нема! Што значи дека тоа не е вистинската мерка, иако е теортетски оправдана во време на висока инфлација. Но, високата инфлација не е предизвикана од зголемена побарувачка, не е предизвикана од економска експанзија, таа е увезена како последица на трите ламји што дејстуваат истовремено кај нас и во светот. На домашен терен, виситнските мерки треба да се спроведат во земјоделството. Земјата отсекогаш била мајчичка за сите, под услов да се негува да се почитува и да се штити од временски непогоди. Таа секогаш давала, но ако ја напуштиш и избегаш во странство за да станеш дела од новата индустриска револуција, дома ќе гладуваш.  

Што се однесува до државната економска политика: треба да престане корупцијата за пренамена од земјоделско во градежно земјиште, што значи да не се намалува змејишниот фонд. Да се врати житото, памукот, оризот, пиперката, доматот, гравот, па дури и афионот на македонските плодни ниви. И најважно е да се растурат монополите во откуот на земјоделските призиводи, кои на земјоделецот не му даваат да пркне.

Што се однесува на светски план: да завладее мир и да се мисли само на научен и технолошки прогрес, зашто не е лесно да се прехрани население од 8 милијарди жители, кои имаат право на достоинствен живот.